Овен 21.3-20.4.
Љубов
Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите, но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате.
Кариера
Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар.
Здравје и совет
Вежбајте јога.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил.
Кариера
Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација.
Здравје и совет
Одморете го долниот дел од рбетот.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете, туку бидете искрени.
Кариера
Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате.
Здравје и совет
Бидете појасни.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни, како за себе, така и за другите.
Кариера
Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистински волшебник, кој може да реши секаков проблем.
Здравје и совет
Во одлична форма сте.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
Ќе настојувате дас е опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи.
Кариера
Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат.
Здравје и совет
Бидете трпеливи.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи.
Кариера
Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат.
Здравје и совет
Ништо не мора да се направи по секоја цена.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра.
Кариера
Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај.
Здравје и совет
Поработете на својата спонтаност.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов.
Кариера
Контактите ви се добри, комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови.
Здравје и совет
Не сте расположени , иако нема причина.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време.
Кариера
Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени.
Здравје и совет
Почитувајте го трудот на другите.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање.
Кариера
Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето.
Здравје и совет
Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто.
Кариера
Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се.
Здравје и совет
Верувајте во подобро утре.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов.
Кариера
Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични.
Здравје и совет
Продолжете понатаму. ()