Мозаик 12.02.2024 12:11

Дневен хороскоп за понеделник, 12-ти февруари 2024-та

Дневен хороскоп за понеделник, 12-ти февруари 2024-та

ОВЕН

Донесувајте важни деловни одлуки. Познанствата на овој ден се претежно во деловната сфера, затоа не ги избегнувајте. Придобивката е двострана. Вашиот успех е загарантиран. Не бидите скржави. Лошите совети може негативно да влијаат на вашата работа, доколку ги слушате.

БИК

Се наполнивте со оптимистичко расположение кое нема да ве напушти во текот на целиот ден. Решете ги проблемите поврзани со финансирањето на вашиот бизнис и верувајте во вашиот успех. Тешкотиите со кои се соочувате се надминливи, ако се зафатите со вашите задачи и не размислувате за патување во странство.

БЛИЗНАЦИ

Вашите соработници не можат да го фатат чекорот со вашите работни обврски и се обидуваат да ве блокираат, и покрај неочекуваните проблеми кои се јавија во пошироката околина. Вашите професионални планови се реализираат според вашите очекувања. Сите ќе се на вашата страна, доколку имате трпение.

РАК

Успехот ќе ве придружува, но бидете одговорни кон себеси и кон другите. Бидете внимателни при новите познанства. Ограничете ги разговорите со вашите колеги. Напорите се осудени на неуспех, доколку сте тврдоглави и импулсивни. Прифатете понуди за дополнителна работа, доколку сте во состојба да ја завршите до крајот на денот.

ЛАВ

Имате можност да заблескате со вашиот интелект без да претерувате и насилно да го наметнувате своето мислење и праведност. Должни сте да бидете одговорни на работното место и да им помагате на колегите, иако тие ви завидуваат и стануваат во вашите очи досадни и неблагодарни. Нема да недостасуваат тешкотии на вашиот пат.

ДЕВИЦА

Не патувајте, за да избегнете проблеми со сообраќајната полиција. Завршете ги започнатите задачи. Можно е или да бидете унапредени или префрлени на друга позиција. Пазете се од вашите деловни конкуренти, кои сте ги испровоцирале со изјави и ги погодиле така што тешко дека ќе ви простат, а имаат за цел да ви наштетат.

ВАГА

Успехот ќе биде со вас во текот на целиот ден. Од зависи дали ќе го дофатите, за да ви ја донесе почитта и признанието што го заслужувате. Имате сила да ги прифатите предизвиците. Напнати сте без причина, иако уживате во покровителството на судбината. Не ги одложувајте закажаните деловни разговори.

СКОРПИЈА

Денеска сте загрижени за односот на вашите деловни партнери и подредени, бидејќи сте им овозможиле комфор за работа, а тие тоа не го ценат и не си ги извршуваат обврските. Вашите идеи за успех се поврзани со претерано високи барања за работата на вашите колеги. Избегнувајте конфликти. Избегнувајте непотребни расправии.

СТРЕЛЕЦ

Имате неочекувано многу обврски, но ќе треба да ги решите и проблемите на колегата. Преку вашата активна работа, вие сте должни да му помогнете, а потоа да се грижите за вашите задачи, особено за итните. Пазете се од грешки поради момент на невнимание, кои е добро веднаш да ги исправите.

ЈАРЕЦ

Ќе се најдете во центарот на конфликт поврзан со финансиски прашања кои не ве засегаат. Очите на сите се вперени во вас и се надеваат дека ќе направите потег. Не се исклучени конфликти со раководството, кое не го прифаќа вашето одбивање да помогнете. Ако имате сопствен бизнис, не ги критикувајте вашите подредени.

ВОДОЛИЈА

Молчете и не влегувајте во расправија со колегите доколку тоа не ве засега. Вашето мешање може да биде причина за нивната оддалеченост, што не е во ваша корист. Не се карајте со вашите роднини и пријатели, бидејќи без да сфатите ризикувате да си наштетите. Конфликтите ќе ги решавате со такт и трпение.

РИБИ

Промените кои неочекувано ќе ги затекнете на работното место не може да бидат во ваша корист. Очигледно некој ваш непријател сака да ви создаде тешкотии. И покрај нив, успехот е со вас. Одложете го донесувањето важни деловни одлуки ако зависи од вас. Анализирајте ги грешките во вашето однесување за да избегнете дополнителни проблеми.