Актуелно 21.04.2019 11:05

До 10 часот гласале 6,05% од избирачите

До 10 часот гласале 6,05% од избирачите

Граѓаните на Република Македонија денес избираат претседател.

Од Државната изборна комисија информираа за излезноста до 10 часот, односно за првите три часа од гласањето.

Информации се добиени од 75,28 % од избирачките места.

До 10 часот гласале вкупно 80.569 граѓани, што е  6,05% од избирачите.

Најголема излезност има во Прилеп 11,05%, Свети Николе 11,48%, Пехчево 10,22%, Новаци 10,63%, Демир Хисар 10,12% и Македонски Брод 10,11%.

Најмалку гласале граѓаните од Боговиње каде излезноста е 1,79%, Липково 0,97% , Долнени 1,85%.

На 3.480 избирачки места во републикавана шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.