Новата годишна анализа на Блумберг, наречена New Energy Outlook 2018, врз основа на податоците од 65
енергетски експерти од 12 главни светски пазари, предвидува како ќе се развива пазарот на електрична
енергија до средината на овој век.
Фокусирајќи се на трендовите кои го диктираат развојот на пазарот и бизнис моделите во овој сектор, како
и зголемената побарувачка за електрична енергија од електричните автомобили, експертите изработија
проекција на развој до 2050 година.
Според нивните предвидувања, дотогаш половина од светската електрична енергија ќе биде произведена
од соларни и ветерни електрани, а главниот тренд кој ќе го предизвика ваквиот тек на настаните ќе биде
намалувањето на цените на електричната енергија од овие обновливи извори и поевтините батерии за
складирање на добиената енергија. Јагленот, како извор на енергија, до 2050 година ќе падне на само 11
отсто од светското производство (од сегашните 38 проценти).
Трошоците за изградба на фотоволтаични електрани ќе бидат 71 отсто до тогаш, според експертите на
Блумберг, додека изградбата на ветерници ќе поевтини за 58 отсто.
Единствениот необновлив извор на енергија кој ќе се зголеми по важност до 2050 година треба да биде
гасот, кој ќе се користи во Кина и Индија повеќе отколку досега.
До 2050 година, електричните автомобили треба да ја зголемат побарувачката за електрична енергија и ќе
сочинуваат околу 9 отсто од светското производство.