На новинарско прашање упатено до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дали Заводот за статистика ги фабрикува објавените податоци за економскиот раст, тој вели дека поседува такви информации.
-Доаѓаат разноразни сведоштва од поранешни, но и сегашни вработени во Заводот за статистика за фабрикување на објавени резултати коишто претходно се издиктирани од Илинденска бр.2, а со цел да се стекнат подобри стартни позиции во делот на обезбедување на средства за финансирање на буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа Влада, навистина тоа е загруижувачки. Јас во едно интервју кажав дека доколку ова се потврди, следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ серизоно ќе се позанимава со ова тоа не е срам и измама само за граѓаните на нашата држава, туку ова е срам пред меѓународните институции коишто од тој завод за статистика добиваат навигација за определување на кредитниот рејтинг.