Под команда на претседателот Барак Обама, американската војска во текот на 2016 фрлила над 26.000 бомби на земји како што се Сирија, Ирак, Авганистан, Либија, Јемен, Сомалија и Пакистан, уништувајќи ја инфраструктурата и цивилите.
Барак Обама зад себе остави страшна слика која не личи на еден добитник на Нобелова награда за мир.
Америка истурила 26,171 бомба на земјите од Северна Африка и Азија.
Сирија е погодена со неверојатни 12.192 бомби.
Ирак со 12.095 бомби.
Авганистан со 1.337 бомби.
Либија со 496 бомби.
Јемен со 34 бомби.
Сомалија со 14 бомби.
Пакистан со 3 бомби.
Имајте на ум, според бројките кои исто така ги објави CFR, САД во текот на 2015 фрлиле 23.144 бомби на земји со мнозинско муслиманско население. Од тоа на Ирак и Сирија е фрлено 22.110 бомби, во Авганистан 947, врз Пакистан 11 бомби, Јемен 58, додека на Сомалија се фрлени 18 бомби.
Ги потсетуваме читателите дека Обама во текот 2008 година им вети на граѓаните на САД дека ќе заврши со “војните на Буш” и дека ќе ја врати американската војска назад во земјата. Обама, исто така, ветил дипломатско решение за воспоставување мир во светот, и покрај тоа ниту еден претседател на САД не војувал толку долго како Обама. САД за време на Обама вртоглаво ги зголемил воените трошоци и воените пресметки. Американските специјални сили “оперираат” во 138 земји, поточно на 70% од површината на планетата, што е за 130% повеќе отколку за време на Буш помладиот.
Земајќи ги во предвид над 26.000 бомби фрлени на држави со кои САД не се во војна, тоа значи дека администрацијата на Обама секој ден минатата година фрлила околу 72 бомби, што е три бомби на час.
Сите тие бомби се фрлени на држави со мнозинско муслиманско население!
Сите овие бомби убиле и осакатиле цивили!
На кого му е гајле за ужасните убиства на цивили извршени од страна на САД?
Да не го заборафиме фактот дека Обама стана шампион во нападите со беспилотни летала. Обама наредил 10 пати повеќе напади со беспилотни летала од Џорџ Буш. Според податоците откриени од Едвард Сноуден, 90% од жртвите од нападите со беспилотни летала се невини цивили, особено жени и деца!
Заклучете сами колку политиката на Барак Обама е “миротворна и мирољубива” и колку е НАТО “фактор за мир и безбедност во светот”.
Од друга страна пак како куриозитет, читателот треба да има престава дека зачетникот на самата манифестација, научникот Алфред Нобел во делот иновации се прослави со својот динамит. Одтука претпоставуваме дека комисијата што му ја доделила нагрдата на поранешниот американски претседател била составена од луѓе кои имаат перврзна смисла за хумор.