На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција во износ од 1.600.000.000 денари или скоро 26 милиони евра.

Ова е второ задолжување овој месец. Експертите велат дека економскиот тим не ја води економијата во правилна насока и дека потфрли во многу сегменти. Имено, стандардот на граѓаните не е реално покачен додека нови капитални проекти нема.
Понатаму, според последниот извештај на Министерството за финансии реализацијата на капиталните трошоци е на историско ниско ниво односно едвај 65 % за 2018 година. Владата успеа да потроши само 65 проценти од планираните пари за капитални инвестиции во 2018 година. Според податоците , за најсуштинските трошења од ланскиот буџет биле потрошени 197 милиони евра, најмалку во последните десет години.

Инаку, доколку не беше направен ребаланс на буџетот нивото на реализирани капитални инвестиции ќе изнесуваше 50 проценти.
Ако се анализираат бројките за десетте години наназад излегува дека 2018 година е најлоша по овој показател.Со овие податоци се побиваат изјавите на Владата и министерот за транспорт и врски Сугаревски дека во земјава не се градело повеќе од колку сега.
Инаку во минатото кога Владата беше во опозиција постојано ги критикуваше големите и честите задолжувања но сега од позиција на власт константно ги спроведува.