Првата од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани започна денеска во Владата, која по пет дена ќе треба да достави извештај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која ќе биде потребно двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.
Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измена на Уставот, „со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на авропската и атлантсакта иднина на Македонија.
На денешната прва јавна дискусија ќе говорат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчковски. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави дека дебатите за уставните измени се отворени и јавни и оти секој може да учествува и да го каже својот став