Живот 09.10.2023 13:50

Доделена Нобеловата награда за економија за проучувањето на родовиот јаз на пазарот на трудот

Доделена Нобеловата награда за економија за проучувањето на родовиот јаз на пазарот на трудот

Американската економска историчарка Клаудија Голдин ја доби Нобеловата награда за економија за 2023 година за „унапредување на нашето разбирање за резултатите од родовиот јас на пазарот на труд“, објави во понеделникот Кралската шведска академија на науките, пренесува Ројтерс.

Престижната награда, формално позната како Sveriges Riksbank Prize for Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel, е последната Нобелова награда за оваа година и е вредна 11 милиони шведски круни (999.137 долари).

„Овогодинешниот лауреат на економски науки, Клаудија Голдин, го обезбеди првото сеопфатно претставување на заработката и учеството на жените на пазарот на труд низ вековите“ – се наведува во соопштението на академијата кое ја доделува наградата.

„Нејзиното истражување ги открива причините за промените, како и главните извори на преостанатиот родовиот јаз“, наведуваат од акадмијата.

Наградата за економија е најновата во овогодинешното издание на Нобеловите награди.