Економија 17.07.2018 13:51

Договорени 27, испорачани едвам 20 милиони килограми тутун

Договорени 27, испорачани едвам 20 милиони килограми тутун

Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.

Не верувам дека ќе има пониска откупна цена зашто сега се берат долните берби. Лани и тие не беа со добар квалитет. Очекуваме во наредниот период временските прилики да бидат поволни и да добиеме квалитет како лани. Од дрга страна, точно е дека количините се намалени. Фирмите бараат околу 27 милиони килограми тутун, количини за кои склучивме и договори, но по невремето, прашање е дали ќе има максимум 20 милиони килограми, вели за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Кире Неделковски.

Неделковски информира дека при склучување на договорите производителите повеќе пати имале средби со откупувачите на кои ги искажале барањата за покачување на цената по класи за 20 отсто, како и за намалување на разликата во класите при проценката на квалитетот.

– Моментно разликата меѓу втора и трета класа е многу голема. Бараме цената за прва класа да се зголеми за 10 отсто, а за трета за 30 отсто зашто поголем дел од тутунот оди во втора класа, објаснува Неделковски.