Актуелно 04.08.2018 18:31

Доколку САД стават повеќе тарифи на кинескиот увоз,Кина се заканува дека ќе наметне нови тарифи

Доколку САД стават повеќе тарифи на кинескиот увоз,Кина се заканува дека ќе наметне нови тарифи

Пекинг ги објави плановите за наметнување на нови даноци за увоз од над 25 отсто за американски производи во вредност од 60 милијарди долари, што е последно во низата од меѓусебната трговска војна меѓу САД и Кина, објави Си-Ен-Ен.

Трговските тарифи за увоз, се однесуваат на 5.207 американски производи вредни 60 милијарди долари, а се во знак на одмазда за трговските тарифи за кинески стоки, наметнати од САД. Тарифите се движат од 5 до 25 проценти.

“Датумот на имплементација на мерките за оданочување ќе биде предмет на активностите на САД, а Кина го задржува правото да продолжи со воведувањето на други контрамерки”, се вели во соопштението на кинеската влада. “Секоја унилатерална закана или уцена ќе доведе до интензивирање на конфликти и на штета на интересите на сите страни” се додава во соопштението на кинеската влада.

Кина се закани дека ќе ги наметне овие нови тарифи, доколку САД стават повеќе тарифи на кинескиот увоз. Претседателот Доналд Трамп минатата недела се закани дека ја разгледува можноста за зголемување на тарифите на 25 отсто за кинеските продукти во вредност од 200 милијарди долари. Американскиот претседател се обидува да ја поттикне Кина да ги напушти наводните нефер практики и да постигне нов потенцијален трговски договор.

Продуктите вклучуваат месо, кафе,ореви, алкохолни пијалоци, минерали, хемикалии, кожни производи, дрвени производи, машини, мебел и делови за автомобили.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека наместо да се одмзадува, Кина треба да се осврне на долготрајните проблеми во врска со нејзините практики на нефер тргување.

САД и Кина разменуваат стоки и услуги во вредност од околу 650 милијарди долари годишно, што е најголем трговски однос во светот меѓу две земји.