Просечната нето плата во Словенија во август изнесувала 1.080 евра, а бруто платата 1.670 евра, соопшти тамошниот Завод за статистика.
Просечната нето заработувачка во август во однос на јули пораснала за 0,9 отсто, а номинално 1 отсто.
Просечната нето плата во приватниот сектор на месечно ниво пораснала за 1,7 отсто, а во јавниот сектор за 0,1 отсто.
Во август највисока просечна бруто плата земале работниците во централна Словенија и на југоистокот на земјата.