Живот 29.10.2018 13:28

Доколку сакате да работите во Словенија, погледенте колку изнесува просечната плата

Доколку сакате да работите во Словенија, погледенте колку изнесува просечната плата

Просечната нето плата во Словенија во август изнесувала 1.080 евра, а бруто платата 1.670 евра, соопшти тамошниот Завод за статистика.

Просечната нето заработувачка во август во однос на јули пораснала за 0,9 отсто, а номинално 1 отсто.

Просечната нето плата во приватниот сектор на месечно ниво пораснала за 1,7 отсто, а во јавниот сектор за 0,1 отсто.

Во август највисока просечна бруто плата земале работниците во централна Словенија и на југоистокот на земјата.