Актуелно 19.03.2025 13:43

Доктор Стојаноски: Во Македонија се хоспитализирани 64 пациенти, трансферирани се 101

Доктор Стојаноски: Во Македонија се хоспитализирани 64 пациенти, трансферирани се 101

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, доктор Синиша Стојаноски ги посочи новите детали за бројот на хоспитализирани пациенти.

-Неколку тимови на странски лекари кои што соаѓаат од реномирани центри кои што се строго специјализирани токму за ваков тип на повреди, а такви доктори се и од ВМА во Белград, од болницата од Израел и од Чешка, веќе работат со тимовите во ГОВ „8 Септември“ и ги санираме повредите на оние пациенти кои не се критични и кои веќе имаат потреба од подготовка за следната фаза.  Во моментов во Македонија имаме вкупно 64 пациенти во јавните здравствени установи, во Систина 8, 5 во Жан Митрев. Значи вкупно хоспитализирани се 77 од повредените. 101 од пациентите се трансферирани, рече тој.

Стојаноски посочи дека она што радува е дека сегашните трансфери кои се прават не се во насока на пациенти кои се критични и интубирани, туку сега се прави тријажа на пациенти спрема степенот и опсегот на изгореници.

-Оние кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници се трансферираат во референтни центри кои се строго специјализирани за третман на ваков тип на пациенти, рече тој.