Актуелно 02.06.2020 10:39

“Доктор“ Заев откри нов симптом на коронавирусот

“Доктор“ Заев откри нов симптом на коронавирусот

Соочен со катастрофалните бројки на заразени и починати од коронавирус во Македонија и неговата желба за брзи избори, екс-премиерот Зоран Заев веќе навистина не знае што да каже.

Владините политики кои заслужуваат бројни критики, мерките, препораките, нивно откажување… се теми за кои на Заев не му одговара да зборува. Тој има единствена цел во моментов, а тоа е да оди на брзи избори додека народот стравува за сопственото здравје.

Сега, одлучи да се стави во улога на доктор, па измисли нов симптом на коронавирусот, нешто кое ниту еден доктор, епидемиолог, стручно лице, досега не го кажа, а тоа е течење на нос.

-Вирусот слабее, но е присутен насекаде. Слабее во неговиот ефект, гледате се асимптомски сите нови заболени од вирусот. Нема температура, НЕМА ТЕЧЕЊЕ НА НОС и другите симптоми кои што се, рече Заев.

Antonio Macedonian@AMiloshoski

Само за 2 дена има 151 новозаразен и 9 починати луѓе. Колку треба да си нечовек во ваква ситуација да го лажеш народот дека вирусот слабее и да ги туркаш гласачите во Корона-избори!?
И притоа да лажеш како ти се заразил партискиот потпретседател!

Embedded video

58 people are talking about this

Течењето на нос, НЕ е симптом на коронавирус. Ниту еден светски институт не го потвдри како симптом течењето на нос!

Пред неколку дена, Заев повторно мислеше дека е доктор па порача дека СЗО рекло дека на есен ќе има нов бран на коронавирус, а од СЗО такво нешто никогаш немаат кажано.

Со единствена цел-да се оди веднаш на избори, политичарот Заев ги убедува граѓаните дека е сосема во ред додека броиме заразени и жртви, да одиме да гласаме. “Докторот“ Заев си измислува симптоми на коронавирусот за да докаже дека истите ги нема и дека бидејќи носот на заразените не им тече, треба сите групно да одиме на гласање!