Економија 16.07.2024 11:32

Доларот благо зајакна, нафтата паевтини

Доларот благо зајакна, нафтата паевтини

На валутните пазари во вторникот претпладнето вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,30 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуа 104,20 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,95 на 158,55 јени. Но американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0895 долари, исто како и во истиот период претходниот трговски ден.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,26 отсто, на 84,65 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,33 отсто, на 81,65 долари.