Економија 07.06.2024 08:41

Доларот околу најниското ниво во два месеца

Доларот околу најниското ниво во два месеца

На девизните пазари, индексот на доларот се движеше околу најниското ниво во последните осум седмици во однос на кошницата од најважните светски валути во петокот, пред клучниот извештај за вработувањата во САД, кој треба да обезбеди насоки за инвеститорите во врска со намалувањето на каматните стапки на американската централна банка во септември.

Индексот на доларот, кој ги следи перформансите на американската во однос на шесте најважни светски валути, претпладнево се помести на 104,13 поени, блиску до овонеделното најниско ниво од 103,99 поени, кое првпат го допре на 9 април.

Од почетокот на седмицата е на пат да падне за половина процент, под влијание на овонеделните слаби американски показатели, кои ги зголемија очекувањата дека Fed, сепак, ќе ги намали двапати каматните стапки годинава.

Курсот на еврото порасна за 0,2 отсто во однос на вчерашното затворање на тргувањето и со заедничката европска валута пртпладнево се тргува за 1,0889 долари, откако Европската централна банка (ECB) ден претходно ги намали каматните стапки.

Американската валута, пак, благо зајакна во однос на јенот, на 155,85 јени и е на пат кон неделен пад во однос на јапонската валута за речиси еден процент.