На валутните пазар вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути втор ден по ред бележи благ пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскта во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,29 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,35 поени.
товремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,65 на 157,85 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0740 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0730 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот значителен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,05 отсто, на 85,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 81,55 долари.