На азиските берзи денеска се тргува внимателно, со индекси малку пониски бидејќи инвеститорите ги пропуштија насоките од Волстрит, додека доларот се лизна во однос на кошничката валути трет ден по ред.
Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот беше намален за 0,1 отсто, по два дена раст.
Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Хонгконг се лизнаа меѓу 0,2 и 0,5 отсто. Во Јужна Кореја, сепак, тие благо се зголемија.
Вчера, индексот MSCI Asia го достигна највисокото ниво во последните две години, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, поддржан од еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција.
„Факт е дека сè на пазарите зависи од растот на компаниите поврзани со развојот на вештачката интелигенција, а бидејќи во моментов нема значителни ризици, има пмал отпор кон растот на берзанските индекси“, објаснува Крис Вестон, директор на Pepperstone.
Сепак, утринава берзанските индекси благо паднаа бидејќи нема вести кои ќе го поддржат понатамошниот раст на цените на акциите и затоа што вчера беше празник на Волстрит, па на инвеститорите им недостасуваат насоки.
На европските берзи, пак, денеска во фокусот на инвеститорите ќе биде средбата на првиот човек на британската централна банка. Не се очекува намалување на каматните стапки, иако инфлацијата во Британија постепено се намалува.
Повеќето аналитичари очекуваат британската централна банка да ги намали каматните стапки на состанокот во август.
На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути трет ден по ред благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,23 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,29 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,85 на 158,10 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европскат, па цената еврото достигна 1,0745 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0740 долари.
Цените на нафтата, пак, се стабилни. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,03 отсто, на 85,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 81,35 долари.