Економија 12.12.2023 10:32

Доларот во пад, раст на цените на нафтата

Доларот во пад, раст на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во вторникот, додека јакнат цените на нафтата.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 103,99 поени, додека вчера во истиот дневен пресек изнесуваше 104,04 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,50 на 145,60 јени. Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0770 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0765 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,55 отсто, на 76,45 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,63 отсто, на 71,75 долари. ()