Економија 13.10.2023 11:30

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,40 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,67 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,10 на 149,80 јени. А американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари, додека вчера во ова време беше 1,0620 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,70 отсто, на 86,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,90 отсто, на 83,65 долари.