Економија 23.11.2023 09:38

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад за над 1 отсто

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад за над 1 отсто

Американската валута го започна тргувањето во четвртокот со раст, додека цените на нафтата паднаа за еден процент.

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна втор ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,70 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,58 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,30 на 149,15 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0910 долари, додека вчера во истиот период на тргуваето изнесуваше 1,0915 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, значително паднаа по веста дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) може да го намали производството помалку од очекуваното. Така, цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 1,33 отсто, на 80,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,17 отсто, на 76,20 долари. ()