Економија 27.11.2023 09:10

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад

На валутните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути, а цените на нафтата се во пад на почетокот од неделата откако претходната стагнираа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, цо претпалдневното тргување се движи околу 103,50 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 103,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,45 на 149,50 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0930 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0940 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и неговите сојузници од картелот за производство на 30. ноември.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,79 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,83 отсто, на 74,90 долари. ()