Економија 17.05.2024 09:18

Доларот зајакна, нафтата поскапе

Доларот зајакна, нафтата поскапе

На валутните пазари во петокот претпладнето вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми, по остриот пад од претходниот тргвоски ден.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,65 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,80 на 155,80 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0860 долари, додека вчера во ова период од тргувањето изнесуваше 1,0885 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,32 отсто, на 83,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,15 отсто, на 79,35 долари.