Економија 09.02.2024 08:40

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад

Доларот зајакна, цените на нафтата во пад

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути со раст го започна тргувањето во петокот.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,19 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,00 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,55 на 149,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0770 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0780 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,21 отсто, на 81,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,10 отсто, на 76,15 долари.