Актуелно 04.05.2020 11:04

Драган Вучиќ починал по компликации од коронавирус на Инфективна клиника

Драган Вучиќ починал по компликации од коронавирус на Инфективна клиника

Познатиот македонски водител, пејач и композитор Драган Вучиќ почина денеска на 65 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ.

Како што јавуваат дел од медиумите, причина за смртта на Вучиќ е коронавирусот. Тој бил позитивен на Ковид-19 и хоспиталиран на Инфективната клиника во Скопје.

По влошување на здравствената состојба, Вучиќ бил ставен на респираторна машина, но за жал, не ја доби битката со вирусот.

Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански приказни“.

Фестивалот „Макфест“ на својата официјална Фејсбук страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.

Редакцијата на Курир изразува сочувство до семејството.