Компанијата Adriatic Metals, која ја поседува концесијата за истражување и експлоатација на минерали и руди на поединечни локации во босанската општина Вареш, објавија спектакуларни резултати од првичните пробни бушења на теренот, пишува Biznis Info. Имено, на длабочина од само десетина метри, Adriatic Metals извадиле примероци на руда кои ги опишуваат како “коктел на висококалитетни минерали“.
Колку е важна информацијата говори и фактот што веднаш по објавата, акциите на оваа компанија на австралиската берза скокнаа за цели 100%. Според информациите, на локалитетот Рупице во еден тон ископан материјал има 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 0,9% бакар, 7,7% олово, 10,8% цинк и 46% барит.
Adriatic Metals годинава во мај започна со проект на пробни бушења во вкупен размер од 15 километри во северниот дел на Рупице, а и неодамнешните геофизички и електромагнетни мерења покажале дека во тој појас се наоѓаат огромни количини на полиметални руди. Компанијата измерила дека целиот појас располага со висока концентрирани руди, односно во еден тон примерок присутни се 3,5 грама злато, со 339 грама сребро, 12,2% олово, 19,4% цинк и 7,3% бакар.
Неофицијалните информации од Босна велат дека уште една фирма веќе инвестирала околу 10 милиона евра во мега проект за експлоатација на ова висококвалитетно наоѓалиште на руди.