Актуелно 21.02.2019 19:32

Драма пред ГОБ „8-ми септември“: Затворската полиција и Алфите бараа засилување- повикани припадници на ЕБР

Драма пред ГОБ „8-ми септември“: Затворската полиција и Алфите бараа засилување- повикани припадници на ЕБР

Затворската полиција и припадници на Алфите во огромен број беа присутни пред ГОБ „8-ми Септември“.

Постојано викаа засилување, а од пред малку на терен со нив се и припадници на Единицата за брзо распоредување.

Затворските полицајци, во мал број, прво беа таму поради примањето на претепаниот Миле Јанакиески.

Потоа во неколку наврати бараа засилување кога и пристигнуваа поголем број на Алфи.

Последното засилување беше со припадници на ЕБР.

Не е познато зошто процениле дека е потребно волку засилено обезбедување.