Живот 18.01.2019 19:55

Древни рецепти за настинка и кашлица

Древни рецепти за настинка и кашлица

Ако сакате да се ослободите од настинка пропратена со кашлица, воспаление на грло и други симптоми, заговорниците на традиционалната медицина ви нудат стари проверени рецепти, кои датираат уште од времето на нашите прабаби, па дури и нивните баби. Тие посочуваат дека во примената треба да биде упорен за да се постигне целосна ефективност.

1.Бела ротквица со мед: Издлабете ја белата ротквица да изгледа како чаша. Во неа ставете една до две лажички со мед, покријте ја со салфетка и оставете ја така преку ноќ. Утрото ротквицата ќе се наполни со сопствениот сок измешан со мед. Ако сте особено погодени од кашлица, земете лажица од овој сок, наутро и навечер.

2. Кромид со мед: Ставете поголема главица кромид во чаша што ќе овозможи да стои исправено, а потоа издупчајте го кромидот. Во шуплината на кромидот ставете мед по желба и секое утро пијте ја содржината, која ќе се исцеди од коромидот.

3.Жалфија како мед: Сварете силен чај од 40 грама жалфија и 600 милилитри вода. После тоа, прегорете 300 грама шеќер без вода на ниска температура. Во претходно сварениот чај процедете го прегорениот шеќер. Така добиениот сирупот, варете го на тивок оган додека не добие густина на мед. Изладе го сипрпот, истурете го во тегла и ставете го во фрижидерот. За смирување на кашлица, возрасните треба да земат трипати на ден по една супена лажица, а децата трипати по една лажичк. Овој сируп, исто така, се препорачува на пушачи за чистење на белите дробови.

Најнови вести