Живот 07.04.2021 12:39

ДРУГ ЧОВЕК: Познатиот актер имаше 225 килограми, денеска е цел во мускули (ФОТО)

ДРУГ ЧОВЕК: Познатиот актер имаше 225 килограми, денеска е цел во мускули (ФОТО)

Актерот Итан Супле, инаку најпознат по сериите „Моето име е Ерл“ и филмот „Сеќавајќи се на титаните“, беше препознатлив како симпатичен дебел човек, а сега тој се преполови и стана голем заводник.

Имено, тој успеа да изгуби 95 килограми, со помош на диета и напорен тренинг, а судејќи според неговиот Инстаграм, поголемиот дел од времето го поминува во теретана.

Денес, тој е целиот во мускули, што честопати го нагласува на своите фотографии.

“Мислам дека бев на диета за прв пат кога имав пет години. Отидов кај бабите и дедовците во Вермонт и тие беа шокирани кога видоа во каква состојба сум”, рече тој во една прилика.