Ограничени необновливи енергетски ресурси и застарени капацитети кои не можат да обезбедат стабилност во производството на електричната енергија, нотира државниот ревизор во последниот извештај за енергетскиот систем во време на енергестка криза.
Во документот се потенцира дека ова ја прави државата увозно зависна и под директно влијание на цените на енергенсите на отворениот пазар.
„Во периодот 2019 – 2022 година склучени се договори за набавка на јаглен, на мазут и на природен гас во вкупен износ од над 588 милиони евра. Од нив најголем дел, или 68 отсто, отпаѓа на набавката на мазут. Државата располага со ограничени ресурси на јаглен. Новите наоѓалишта сѐ уште не се експлоатираат, а производствените капацитети на електрична енергија кои користат јаглен и мазут се стари и по четири децении. Во 2022 година, Блокот 3 на РЕК Битола цела година бил во дефект, профункционитрал само еднаш, во времетраење од еден час. Со ова, во најсилната економска криза, произведена биле 1.621 илјади MWh помалкуло струја. На државата тешко и оди и справувањето со меѓународните обврски за обезбедување на „зелена енергија‘‘ и зголемување на учеството на обновливите извори на енергегија во вкупно произведена електрична енергија. Процесот тече неплански, со бавно темпо и бројни административни пречки“, се вели во извештајот на државниот ревизор.
Ревизорите нотираат проблеми и околу регулативите за користење повластени тарифи. За време на енергетска криза, кога цената на електричната енергија на отворен пазар значително пораснала, дел од производителите ја искористиле таа можност и ги раскинале договорите, иако во минатиот период им била дадена државна поддршка во износ од околу 45 милиони евра, што неповолно се одразило во време на енергетската криза. Во документот се забележува и само мал број на општини кои имаат донесено Програми за енергетска ефикасност.
Со појавата на енергетската криза, се наведува во извештајот, поради високата цена на електрична енергија, а со цел да ја искористат поволноста дадена на малите потрошувачи и да направат заштеди, голем број на правни лица и општини кои согласно законот треба да вршат набавка на електрична енергија на отворен пазар, основале нови правни субјекти/користеле постојни и се приклучиле на дистрибутивната мрежа на Универзалниот снабдувач со нови броила како „мали потрошувачи“.
Со ревизијата е утврдено дека над 3.100 броила биле регистрирани на нови правни субјекти, кои ја користеле повластена субвенционирана цена на електрична енергија, која се наплаќа од домаќинствата и малите потрошувачи.
Мал потрошувач е субјект чиј просечен број на вработени во последните две пресметковни години има помалку од 50 вработени и има вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра во денарска противвредност, со исклучок на производителот на ЕЕ и операторот на системот за пренос и системот за дистрибуција на ЕЕ односно природен гас.