Актуелно 16.09.2019 15:47

Државата ќе плаќа нови пенали- 100 милиони евра за раскинат договор за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп?

Државата ќе плаќа нови пенали- 100 милиони евра за раскинат договор за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп?

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“, фирма изведувач на работите на експресниот пат Градско-Прилеп, најави дека изградбата на оваа делница нема да ја продолжуваа и дека се раскинати сите договори, пишува Република.

„Рубау Конструксионес“ преку адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” бараат од државата да плати 100 милиони евра пенали за раскинатиот договор.

Од шпанската компанија „Рубау Конструксионес“, го обвинуваат директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов дека поради тесни лични и партиски интереси го раскинал договорот со нив.

Според адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” судскиот процес е веќе во арбитража, и се очекуваа да трае неколку години.

„Рубау“ беше ангажирана за изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп, а инвестицијата за првата фаза изнесуваше 31,8 милиони евра.