Актуелно 06.06.2018 13:56

Државата продолжува да ги троши парите на граѓаните за вработување на партиски кадри – ЈП Комуналец Битола ќе потроши скоро 5.000 евра за привремени вработувања

Државата продолжува да ги троши парите на граѓаните за вработување на партиски кадри – ЈП Комуналец Битола ќе потроши скоро 5.000 евра за привремени вработувања

На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на ЈП Комуналец Битола во кој се предвидени вработувања во износ од 5.000 евра. Имено, ова не е  прв пат да владата и државните институции под капата на новата власт  вработуваат сопствени партиски послушници додека другите вработени добиваат отказ.

Во јавноста излегоа информации дека владата има посебна  шема за вработување на своите партиски кадри кои во повеќето случаи се неквалификувани за конкретното работно место.

Имено, шема на вработување користи СДСМ за да ги вработува партиските некомпетентни кадри во државната и јавната администрација. Најдобар пример е масовното вработување во Владата каде 120 партиски војници на СДСМ се вработени под договор на дело и тоа речиси сите од нив во секторот “комуникации“.

Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.

СДСМ пред изборите ветуваше непартиска администрација и кратење на непродуктивни трошоци во врска со привремени партиски вработувања но ова не се случи. Напротив граѓаните велат дека владата не ги исполнила ветувањата што ги дала и дека состојбата е многу лоша.