Актуелно 13.04.2018 03:18

Државата се задолжила повеќе отколку што вратила: Нето долгот на Македонија за само 8 месеци зголемен за 200 милиони евра

Државата се задолжила повеќе отколку што вратила: Нето долгот на Македонија за само 8 месеци зголемен за 200 милиони евра

Долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголемил за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето на Република Македонија за само 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.

За 10 месеци власт Владата предводена од СДСМ ја задолжи Република Македонија за 1,6 милијарди евра. Министерот за финансии, Драган Тевдовски многу пати има кажано дека државата повеќе вратила отколку што се задолжила, нешто што сепак не го покажуваат бројките.

Имено, долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголемил за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето на Република Македонија за само 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.