Владата многу се потрошила за време на енергетската криза и затоа сега не може сама да ја гради когенеративна централа во Железара. Ова е образложението кое денеска беше дадено на брифингот со новинарите за предлог законите за стратешките инвестиции на кој присуствуваа вицепремиерот Битиќи, директорот на ТИРЗ Деспотовски и директорот во ЕСМ Виктор Андонов. Дел од експертите во земјава пак бараат сами да ја градиме оваа централа, а не грчки Митилинеос. Но тоа е сега невозможно затоа што за време на криза милиони биле префрлени во касата на државните електрани за да можат да работат.
Парите кои евентуално би ги инвестирале ги дадовме за субвенционирање. Околу 400 милиони евра отидоа кај граѓаните, затоа што изминативе години бевме во таква криза, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на брифинг со новинарите.
Централа треба да произведува над 270 гигават часови топлинска енергија годишно, кои според Владата нема да бидат вишок затоа што се планира да се прави приклучок за парно за уште 35 илјади корисници. На прашањето што ако не се направи, од владата уверуваат дека тоа ќе се случи. Потребите на топлина во Скопје се поголеми од 275 гигават часови па така нема да остане. Уверуваат дека нема да се повтори случајот со Окта кога државата беше обврзана да купува по 500 илјади тони мазут годишно, па на крајот се пресмета дека треба да плати над 60 милиони евра пенали на Грците затоа што не го испочитува договорот. Во 2022 година пак ТЕТО произвеле топлинска енергија од 307 гигават часови, вкупно биле потрошени 517 гигават часови, со ваквите бројки се поставува прашањето дали грчката централа ќе го истисне постоечкото ТЕТО од пазарот кое е исто така приватна инвестиција. Што ќе се прави со нивната топлина?
-Одете и прашајте ги нивните партнери, кога највеќе ни требаше енергија не уценуваа. Преговорите во текот на кризата со нив беа толку долги и тешки. Централата ТЕ-ТО ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција. Наскоро ќе започне изградбата на гасоводот со грција и ние повеќе нема да бидеме зависни од нив, да немав безбедносен сертификат ќе споделев повеќе, додаде Битиќи
Освен овој проект има уште три за кои сито така има предлог закони во Собрание. Меѓу нив е и Греен ТЕЦК кој треба да гради централи во Штип и Свети Николе. Но, за фирмата која е ослободена од данок на добивка 10 години Битиќи не одговори дали има тие имаат претходно искуство во ова поле и рече дека секој има право да конкурира за стратешко партнерство.
Тука се и Стипион- соларниот парк во Штип и централата во Пехчево. Дел од инженерите веќе реагираа на законите со акцент на Митилинеос. Бараат итно да се стопираат за да не се загрози енергетскиот суверенитет на земјава. Но, тие ќе се носат по скратена постапка и веќе за утре се ставени на седница. ()