Банкарство 12.12.2023 13:59

Државните девизни резерви во ноември се зголемиле за 43 милиони евра

Државните девизни резерви во ноември се зголемиле за 43 милиони евра

Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 3.963,7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 43 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (55,8%), по што следуваат валутите и депозитите (33,8%) и монетарното злато (10,4%). ()