Актуелно 01.03.2019 13:43

Две 9-годишни деца прегазени од „Туарег“ во Скопје

Две 9-годишни деца прегазени од „Туарег“ во Скопје

Две деца се повредени, едното потешко, кога вчера околу 12.35 часот на улица „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во нив.

Децата пешаци се на возраст од девет години. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.

Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.