Државата, понеделнички, се задолжува со над 90 милиони евра на домашниот пазар. Од денес на Берзата котираат две државни обврзници – петгодишна и 15-годишна, без девизна клаузула.
Првата е со вредност на емисијата од 2.750.030.000 денари, или 44,63 милиони евра. Издадени се 275.003 хартии од вредност од овој вид, со номинална вредност од 10.000 денари. Каматната стапка е 4,5 проценти. Датум на издавање е осми февруари, а на достасување по пет години – осми февруари 2029.
Државните обврзници без девизна клаузула кои се 15-годишни и достасуваат на 08.02.2039 се во износ од 2.850.120.000 денари, односно 46,25 милиони евра. Издадени се 285.012 вакви обврзници со номинална вредност, исто така од 10.000 денари. Носат камата со стапка од 5,9 проценти. ()