Живот 11.03.2021 14:11

Две европски земји го прекинаа вакцинирањето со оваа вакцина

Две европски земји го прекинаа вакцинирањето со оваа вакцина

Данска привремено ја прекина имунизацијата против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ откако се појавија извештаи дека таа предизвикува згрутчување на крвта, што било причина и за еден смртен случај во земјата, објави порталот СДК.мк.

Данските власти не кажаа колку случаи на тромб имало во земјата и ова следува откако и Австрија престана да ја дава вакцината на „АстраЗенека“ додека истражува смртен случај поради нарушување на коагулацијата и појава на белодробна емболија.

„И ние и Данската агенција за лекови моравме да реагираме по извештаите за сериозни несакани ефекти во Данска и други европски земји“, изјави Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена служба.

Вакцинирањето е прекинато на 14 дена. „АстраЗенека“ засега не се огласила за овие случаи.