Актуелно 23.12.2019 16:43

Две години Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ- од изгубена партија до врвот

Две години Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ- од изгубена партија до врвот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речици веќе две години ја води најголемата партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ.

Овие две години партијата има најголема доверба кај граѓаните според најразлични анкети на кои се сведоци целокупната јавност.

Според анкетите Мицкоски за две години успеа од дното да ја искачи партијата на врвот како и да ја зацврсти партијата и интегритетот на истата.

ВМРО-ДПМНЕ стана фактор на делување и успеа да ги корегира грешките од минатото, додека СДСМ е разобличена, а доказ се секојдневните скандали поврзани со власта.

Според најновата анкета на Рејтинг.мк која ја објавивме пред неколку дена покажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред владејачката СДСМ.

Анкетата е спроведена преку интернет на  110.885 граѓани.

На прашањето поставено „За која партија би гласале а следните парламентарни избори“, најголем број од испитаниците одговориле дека голема поддршка и даваат на ВМРО-ДПМНЕ или 26.77 во проценти, додека пак за СДСМ одговориле само 22.78 проценти од граѓаните. Веднаш по нив е Левица со 12.68, ДУИ со 10.58, БЕСА 9.18 проценти, додека пак веднаш по неа е Алијанса на Албанците со 9.09 проценти.

Според објавените резултати, анкетата покажува дека граѓаните најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  со 26.27 проценти, додека пак Зоран Заев има само 22.44 проценти.

Со вакви резултати слободно може да се каже дека Мицкоски е политичар кој што има најбрз растечки рејтинг во Македонија, а пак тоа е последица на се поголемата отвореност кон граѓаните, одговорниот пристап, транспарентноста како и секојдневната комуникација со граѓаните.

Ако се земе во предвид дека Зијадин Села претседателот на Алијанса на Албанците, како и претседателот на БЕСА  Биљал Касами, на политичката сцена како правни субјекти се пократко од ДУИ, а имаат скоро идентичен процент на поддршка од страна на граѓаните, само покажува дека спроведената анкета ја отсликува реалната слика во Македонија како и незадоволството од страна на граѓаните за коалициската СДСМ и ДУИ.

Дури 53.64 проценти од испитаниците биле Македонци, додека пак 36.57 проценти биле Албанци,  а според податоците голем процент од граѓаните кои што одговориле на анкетата се на возраст од 36 до 45 години.

На почетокот на овој месец и Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 6 Декември 2019 на 1.121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка на политичките партии.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии, при што е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со претходните две објавени истражувања, како и рејтингот кај етничките Македонци и Албанци.

 

На почетокот на ова лето според анкетата на М-проспект граѓаните едногласно се изјаснија дека тоне довербата на владата на Заев, како и довербата во судството, корупцијата и надворешната политика.

Според неа, 51.2% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, додека поддршка и даваат 43,8% од граѓаните.

Најлошо е оценета борбата со организираниот криминал и корупција. Над 59% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата во оваа област.

Во меѓувреме во овие две години Мицкоски доби и голема поддршка од меѓународната заедница како и склучување на нови договори со сестрински партии од Европа.

Инаку доказ дека поддршката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно расте е и саботниот народен собир каде салата во Аеродром буквално беше претесна за да ги собере членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

По тој повод свој статус на Фејсбук имаше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Јанушев: Мицкоски го „пушти“ ВМРО на најјако!!!

Голема, огромна благодарност за целокупната организација за вчерашниот настан “ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА!”

Извршниот и Централниот комитет, Секретаријатот, Униите на млади сили, жени и ветерани, Општинските и местните комитети – секој во својот дел покажавте дека знаеме, покажавте дека можеме, кога станува збор за Република Македонија нема нешто што не можеме да го постигнеме!

Но, поклон до земја, “капа доле” што би рекол нашиот мудар народ, пред и над се за сите Вас што ни давате поддршка, што ни давате сила … Вие кое не почестивте со Вашето присуство во салата “Јане Сандански”, но и сите Вие кои од објективни или субјективни причини не можевте да ни се придружите.

Борбата за Македонија, за подобра иднина … за Правда, Принципи, Промени … за Победа за Обнова на Македонија! Ова се нашите вредности, ова е патот за Република Македонија.

П.С. – Христијан Мицкоски го “пушти” ВМРО на најјако!!! Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.