Актуелно 22.08.2019 13:35

Двојните аршини на Рускоска- за еден мајка за друг маќеа

Двојните аршини на Рускоска- за еден мајка за друг маќеа

Јавното обвинителство вчера соопшти дека заради вмешаност во случајот „Рекет“ е побаран притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски на прес-конференција заедно со обвинителката Вилма Рускоска, која го води предметот „Рекет“ рече дека ЈО „утврди дека основите за сомневање се издигнаа на основано сомневање дека јавниот обвинител (К.Ј. н.з.) сторил кривично дело злоупотреба на службена положба.

Јовевски рече дека јавниот обвинител донесе наредба под истрага да биде и Катица Јанева и е побарана мерка притвор.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека не побарала претходно притвор без да бидат обезбедени докази.

Но, за друг случај, поконкретно за настаните во Собранието од 27-ми април обвинителката Рускоска побара притвор за пратеничката Жаклина Пешевска без да бидат обезбедени било какви докази.

За Жаклина Пешевска даде наредба за истрага без обезбедени докази и ја стави неколку месеци во домашен притвор.

– Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор, стоеше во соопштението од Кривичен суд.

По неколку месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Основниот суд Скопје 1 да ѝ биде укината мерката куќен притвор на пратеничката Жаклина Пешевска.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж. П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

На крај во обвинителниот акт за случајот „27 април“, пратеничката Жаклина Пешевска беше ослободена од обвинение бидејќи обвинителството немало докази.