Живот 12.02.2021 11:40

Џеј Ло драстично го измени изгледот (ФОТО)

Џеј Ло драстично го измени изгледот (ФОТО)

Џенифер Лопез за насловната страница на новиот број на списанието Allure драстично ја смени фризурата.

Популарниот стилист Крис Аплтон, кој ја објави фотографијата на својот профил на Инстаграм,и ја скратил косата, а многу фанови жалат за нејзината препознатлива долга коса. „Веројатно најлошата фотографија од неа “, е еден од коментарите.

Сепак, има голем број на оние кои навистина го сакаат новиот изглед на Џеј Ло, но и оние кои веруваат дека станува збор за перика. „Ја сакам нејзината вистинска коса, но таа е одлична и со перики“, „Може да успее со каков било изглед“, „Убава е без оглед на се“, напишаа тие.