Економија 07.11.2018 21:27

Џенерал Електрик и Ролс Ројс во потесен избор за добавувач на мотори за кинеско-рускиот авион

Џенерал Електрик и Ролс Ројс во потесен избор за добавувач на мотори за кинеско-рускиот авион

Американската компанија Џенерал Електрик и британската Ролс Ројс влегоа во потесниот избор на можните добавувачи на моторот на новиот руско-кинески авион што во завршната фаза би требало да се потпре врз домашните добавувачи, објави денеска главниот инженер на проектот.

Руската компанија Јунајтед Еркрафт Корпорејшн(УАК) и Комершл Еркрафт Корп оф Чајна(АЕЦЦ) минатата година започнаа програма за развивање на широкот трупен млазен авион ЦР929 кој еден ден би требало да им конкурира на Боинг 787 и Ербас А350.

Во мај двете компании објавија дека добиле понуди од седум странски и локални добавувачи на мотори.

– Ќе избираме меѓу тие два добавувачи, ГЕенИкс на Џенерал Електрик и Трент 7000 на Ролс Ројс – изјави денеска Максим Литвинов, еден од двајцата главни инженери на проектот за развој на авионот.

Одлуката, според неговите зборови, би требало да биде донесена до средината на следната година.

– Руски УАК и кинески АЕЦЦ паралелно соработуваат на равој на нов мотор – додаде Литвинов на воздухопловен саем во Кина, на кој беше претставена кабината на новиот авион.

Тој додава дека предност при одбирањето на добавувачот ќе имаат руските и кинеските компанија, а потоа оние западните со руски, односно кинески партнери. Основните критериуми би требало да бидат конкурентните понуди.

Според проценките на Литвинов, кинеско-руски мотор би можел да биде развиен до крајот на следната деценија, а првиот лет на кинеско-рускиот авион би можел да се случи меѓу 2023 и 2025 година.