Актуелно 13.06.2024 13:13

ДЗР извештај: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот

ДЗР извештај: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот

Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација. На грбот на државата се богателе концесионерите. Државниот ревизор излезе со извештај за ефикасноста на постапките за доделување на право за експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори.

Во извештајот стои дека со тоа што концесионерите вршеле ископ на минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација остава ризик тие да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини.

Ревизорот констатирал и дека за период од четири години од 2018 до 2022, државата заработила само 1, 7 милиони евра или 1 процент од продажба на најквалитетниот мермер и ова е незначително во однос на она што го заработил концесионерот.

Исто така, констатирано е и дека со активностите на надлежните институции не се обезбедува целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надомест ефикасен надзор при склучување на договори, а висината на надоместокот за користење на просторот е на многу ниско ниво.

За подобрување на состојбата дадени се и препораки до институциите.