Шпаркасе Банка обезбеди до ЕУР 2 милиони кредитно финансирање на Макпрогрес, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик.
Шпаркасе Банка одобрува кредит до ЕУР 2 милиони на Макпрогрес ДОО Виница, гарантиран до ЕУР 1 милион од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку својата не-финансирана Програма за споделување на ризик. Овој кредит ќе ги поддржи потребите на Макпрогрес за обртен капитал и ликвидност како одговор на зголемената побарувачка.
Одил Рено-Басо, Претседателката на ЕБОР изјави: ,,Ми претставува задоволство да потврдам дека е обезбедено кредитно финансирање до ЕУР 2 милиони за Макпрогрес преку Шпаркасе Банка, која е наша партнерска банка, при што ЕБОР ќе гарантира до 50% од износот на кредитот преку Програмата за споделување ризик. Овие средства ќе се искористат за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал и потребите за ликвидност како ого на зголемената побарувачка со која се соочува компанијата. Проектот ќе продолжи и со поддршката на новоизградениот мултидисциплинарен едукативен центар на компанијата, кој обезбедува акредитирани тренинг програми и признаена сертификација на пазарот на трудот во регионите каде овој тип на можности се помалку застапени.”
Нина Неданоска, Заменик-Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје изјави: ,,Шпаркасе Банка секогаш ги користела можностите да биде лидер во банкарската индустрија во рамки на соработката со важните развојн институции, фокусирајќи се на иновација и кредитирање на сектори кои се од примарно значење за економскиот развој. Шпаркасе Банка и Макпрогрес имаат воспоставено силна и здрава соработка, и среќни сме што истата успешно се унапредува, во случајов со поддршка на ЕБОР, која често ја поддржува нашата соработка со клиентите преку Програмата за споделување на ризик”.
Глигор Цветанов, Главен и извршен директор на Макпрогрес, истакна: ,,Со овој договор кој го потпишавме денес, Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на дополнителниот раст развој, зголемувањето на капацитетот на постоечките производи, развојот на нови производи и зголемената продуктивност и конкурентност. Шпаркасе Банка и ЕБОР се дел од нашиот раст и развој преку долгогодишна успешна соработка и ни претставува чест и задоволство да ги имаме како наши партнери“.
Макпрогрес е локална семејна компанија, со 640 вработени, која произведува и продава прехранбени производи под брендовите Винчини, Дониа, Сончева долина, Фантазија и Натура, во над 60 земји во светот.
Шпаркасе Банка е водечкa партнер банка на ЕБОР во Северна Македонија и прва банка во земјата која учествува во не-финансираната Програма за споделување ризик. Програмата за споделување на ризик на ЕБОР им овозможува на партнерските банки да ја споделуваат изложеноста на кредитите кои им ги одобруваат на клиентите, преку финансирано или не-финансирано учество во ризикот, придонесувајќи кон зајакнување и раст на локалните претпријатија.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во земјата.