Банкарство 22.08.2018 11:42

ЕЦБ изрече парична казна од 4,3 милиони евра за Credit Agricol

ЕЦБ изрече парична казна од 4,3 милиони евра за Credit Agricol

Европската централна банка (ЕЦБ) изрече парична казна од над 4,3 милиони евра за француската „Credit Agricol“ за кршење на правилата за декларирање на сопствените средства, објави „ЕЦБ“.

Покрај „Credit Agricol“, две подружници на француската банка, исто така, се санкционирани – „Credit Agricol Consumer Finance“ со 200.000 евра и „Credit Agricol Corporate and Investment Bank“ со 300.000 евра.

Казната е изречена на банката која ги класифицира средствата од сопствените средства како инструменти на „CET1“ без претходно одобрување од надлежниот регулатор, се вели во коминикето на „ЕЦБ“.

Француската банка е обвинета од „ЕЦБ“ дека во своите квартални извештаи не ги почитувала правилата за прогласување на соодносите на сопствените средства за мерење на солвентноста на секоја банка во периодот од 2015-та до 2016-та година.

Од финансиската криза од 2008-ма година и затегнувањето на регулативата на „ЕЦБ“, банките во еврозоната мора да имаат одреден сооднос од односот на првокласниот капитал за да ги ограничат загубите во случај на нова криза.

„Credit Agricol“ може да поднесе жалба до Европскиот суд на правдата, рече „ЕЦБ“.

Од 2014-та година, „ЕЦБ“ е единствениот супервизор на банките од еврозоната, но многу ретко ги користеше своите овластувања да наметне санкции за приватните институции.

За прв пат во јули 2017-та година, таа изрече парична казна од овој карактер на ирската „Permanent tsb Group“ од 2,5 милиони евра.