Живот 24.05.2018 16:10

Еден од најдобрите алатки за менаџирање на времето во работата е добро организиран работен простор

Еден од најдобрите алатки за менаџирање на времето во работата е добро организиран работен простор
Една од најдобрите алатки за менаџирање на времето е работењето од чиста работна маса и од организиран работен простор. Исто како што еден одличен готвач ја листи кујната пред и по готвењето, така и вие треба да го организирате својот работен простор пред да почнете да работите. Најуспешниот претприемач во поновата историја рекол дека клучот за неговиот успех се наоѓа во тоа што секогаш работел од чиста работна маса.

Питер Дракер забележал дека ефикасните извршни директори секогаш имаат чиста работна маса. Освен она на кое работат во моментот, се друго е отстрането и ставено настрана, што е основната причина поради која можат да се фокусираат со поголема јаснотија и можат повеќе да сработат, со поголем квалитет и за пократок временски период.

Ставете ги сите документи во соодветните папки, како физички така и онлине. Работете само на моменталната задача. Обидете се секојпат пред себе да имате само еден предмет.

Врвните професионалци од секое поле имаат уредна и високоорганизирана работна маса. Сетете се на еден столар, стоматолог или лекар. Тие чистат и реорганизираат по себе во текот на целиот работен ден.

Организирајте се и останете организирани. Осигурајте се и канцелариските материјали и резерви да ви се целосно снабдени и достапни. Ќе увидите дека ништо не е толку деструктивно во ефикасноста и ефективноста од тоа да почнете со една работа, а потоа да застанете и пак да почнете од почеток, само поради недостигот на соодветна подготовка или на потребните резерви.

Организирањето ја зголемува продуктивноста

Многумина веруваат дека работат поефикасно во несредена средина и со претрупана работна маса. Сепак, извршените истражувања покажуваат нешто друго – кога луѓето мора да ја исчистат работната средина за да имаат пред себе една задача, тие ја удвојуваат и ја утројуваат својата продуктивности прекуноќ.

Луѓето кои работат со пренатрупани работни маси трошат огромно количество време, секој работен ден, во барање на потребните материјали по куповите околу нив. Психолошки, погледот на пренатрупана работна маса или канцеларија доведува до потсвесна реакција која ја засилува вашата перцепција за самите себе дека сте неорганизирани. Тоа доведува до постојано одвлекување на вашиот поглед и на вниманието кон материјалите.