Мозаик 30.01.2019 01:47

Еди Рама си ја покажа уметничката душа

Еди Рама си ја покажа уметничката душа

Премиерот на Албанија, Еди Рама отвори самостојна изложба на свои дела во берлинската галерија Карлиер-гебауер, а станува збор пред сѐ, за акварели насликани на политички документи.

Рама (54) слика на документи и хартија коишто ги користи во секојдневниот живот. Тие цртежи потоа ги печати и продава како тапети. Тој, инаку е и дипломиран професор по ликовна уметност.

Рама, при својот приватен престој во Берлин, за „Дојче веле“ изјави дека неговото сликарство и политичката кариера не се поврзани меѓу себе.

Рама (54) слика на документи и хартија коишто ги користи во секојдневниот живот. Тие цртежи потоа ги печати и продава како тапети. Тој, инаку е и дипломиран професор по ликовна уметност.

Рама, при својот приватен престој во Берлин, за „Дојче веле“ изјави дека неговото сликарство и политичката кариера не се поврзани меѓу себе.Рама исто така, истакнува дека тоа што е политичар, не му пречи да слика.Напротив, тоа ми помага, зашто и натаму својата работа ја извршувам нормално, нагласи тој.Изложбата под наслов „Дела“ е отворена до 9 март 2019 година.