Мозаик 10.12.2018 20:09

Една девојка остро одговори зошто не сака да се омажи

Една девојка остро одговори зошто не сака да се омажи

Ако се прашувате од каде толку формални, оштетени, нескладни односи, лоши бракови и несреќни лица – одговорот ви е пред носот. Брзале да стапат во брак и завршиле во имитирање на среќен живот со маж за кого дури и не знаат дали го сакаат и дали навистина сакаат да го споделат животот со него.

“Ако уште некој ми каже: “Време ти е”, ќе излезам од сопствената кожа. Каде тоа пишува, и што воопшто значи и како воопшто некој може да знае кога мене ми е време? Ваквата изјава посебно ме чуди, дури и кога излегува од усните на баби, тетки и примитивни сосетки кои останале да живеат во некое далечно минато, во “посреќените” времиња кога единствената цел и успех било да се омажиш. Бракот сам по себе, а потоа и раѓањето, претставувале врвен идеал сам за себе и смислата на животот на секоја жена “, ја започнува својата приказна револтираната Белграѓанка.

“За жал, во 21-от век, во 2015 година повеќето луѓе веруваат во оваа приказна. Во таа теорија дека животот на жената се сведува на брак и раѓање што е можно побрзо, за да не ѝ се припише терминот “баба-девојка” или некое подеднакво бесмислено и глупаво име, кое всушност само открива колку сме сѐ уште примитивно општество.

Ако се прашувате од каде толку формални, оштетени и неприкладни односи, лоши бракови и несреќни единки – одговорот ви е пред носот. Трчале да се омажат, или под притисок на околината или заради навиките да останат во некоја долга, неквалитетна врска; дали заради непочитување на самите себе и поимот љубов, или пак од страв дека ќе останат сами и последниот воз ќе им замине; дали поради (не)планирана бременост… Трчале, се залетале и завршиле во имитација на среќен живот со маж кој воопшто не го познаваат и не сакаат да го споделат живот со него.

Еве, се колнам, јас нема да ве лажам, не ретко ќе го слушнам прашањето: “Кога ќе се омажиш” или “Кога ќе најдеш некој за сериозна врска?”. Кога велам дека чекам човек кој ќе ме сака и кого вистински ќе го сакам и со кој ќе можам да изградам пристоен живот, всушност дека не ми е цел само да се омажам, туку среќно да се омажам, во главно или го премолчуваат мојот одговор, или пак од оние похрабрите добивам некои од следните коментари: “Немаш многу време за губење”, “Премногу бираш”, “Љубовта се гради со текот на времето”, “А кога планираш да раѓаш деца, веќе имаш 27 години?

Кој некогаш ја утврдил границата кога девојките треба да се омажат? И што значи тоа дека јас немам време за губење? Дали тоа значи дека треба да се омажам за првиот кој ќе ме побара? Каков живот ме чека после тоа? Каква иднина градам за себе?
Што значи тоа дека премногу бирам? Ако чекаш на заемна љубов со квалитетен човек, со кој ќе можеш да планираш убав и исполнет живот, дали тоа значи дека премногу бираш? Дали тоа значи дека треба да гледаш низ прсти и да го трпиш она што не би го трпела никогаш, само за да бидеш мажена жена? Па, со среќа со тој став и никогаш не заборавајте – самите ги правиме своите избори!
Во ред, јас го почитувам ставот дека не постои љубов на прв поглед и дека не се исплати да чекаш. Можеби сум само премногу романтична. Но, не можам да се потпирам на идејата дека за неколку години ќе засакам некој кој не сум успеала да го засакам во првите неколку месеци. Секако ќе изградиш некакви емоции на љубов, почит и навика ако долго споделуваш живот со некого, но дали ќе го запалиш вистинскиот пламен на љубовта? Ма ајде, ве молам …
Тука е и прашањето за децата … Не знам зошто како нација го сведовме поимот брак на поимот деца. Ми се чини дека браковите би биле подобри и поуспешни кога луѓето би сфатиле дека тоа треба да биде заедница на двајца партнери, кои заеднички ја делат радоста, љубовта и подемите и падовите, а не договор за продолжување на лозата. Децата би требало да се плод на таа љубов и заедништво, а не плод на себична желба да создадете “мини копија” од вас и сосема да заборавите на сопружникот. Биолошкиот часовник е веќе излитен поим, за него не сакам да трошам зборови.
Не, јас нема да се омажам на 27-мата за некој кој не го сакам најмногу на светот, само за околината да мисли дека ја исполнив својата “животна мисија”. Не сакам да се разбудам едно утро во 35-тата очајна, затоа што не сум лудувала, излегувала, патувала доволно, не сум се смеела, не сум си угодувала сама на себе, затоа што сум брзала да станам жена и сопруга пред време. Нема да ги поминам следните 60 години како домаќинка, сопруга и мајка. Не сакам.

Сакам да бидам центар на мојот свет. Сакам да сакам некој од длабочината на мојата душа и да не бидам оптоварена со брачните проблеми и со секојдневниот живот. Сакам да танцувам, пеам, да скокам, да носам кратки шорцеви и уште пократки здолништа, да се будам во 12 часот попладне за време на викендите, сакам да излезам во кафеана, ако ми се излегува, сакам да пијам кафе со пријателките и да имам луд секс со партнерот секој ден, сакам да читам книги до бесвест и да ги изгледам сите нови филмови. Сакам да го живеам животот во потполност и да не се грижам што ме чека валкана куќа, неизмиени судови или расплакано дете.