Актуелно 23.01.2021 12:34

Едно лице загина утрово откако автомобил се заби во патарина- страшна несреќа во Хрватска (ФОТО)

Едно лице загина утрово откако автомобил се заби во патарина- страшна несреќа во Хрватска (ФОТО)

На наплатната рампа „Мацлин“ кај Велика Горица во Хрватска, утрово во 5:30 часот се случилна страотна сообраќајна несреќа.

Автомобил со голема брзина се забил во објектот крај наплатната рампа, со што усмртил едно лице на 53-годишна возраст.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во болница.

Полицијата извршила увид, и засега се непознати причините за оваа сообраќајна несреќа.

Пожарникарите во 5:32 часот добиле повик за потреба за вадење на возач.

Го пронашле вработениот во првата просторија. Ударот го исфрлил и починал на самото место.